ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија рекордер во Европа по труења со детергенти

Македонија рекордер во Европа по труења со детергенти

Речиси секој ден на Клиниката за токсикологија се хоспитализира по еден пациент затруен од употреба на многу силни детергенти. Најчести се случаите кога за време на чистењето најчесто се трујат жени, како резултат на мешање детергенти кои предизвикуваат многу сериозни хемиски реакции.

Advertisements

Алсат ги праша граѓаните дали се информирани за резултатите од мешањето на детергенти.

„Еднаш ми се слоши од детергенти. Жената користела многу детергент во тоалетот, кога влегов имаше силен мирис внатре и многу ми пречеше, веднаш излегов надвор бидејќи добив силна кашлица“,рече еден граѓанин.

Од Клиниката за токсикологија велат дека на листата на најчести труења се и средствата за смирување. Прекумерната употреба на бедоксин, често помешано со други лекови и алкохол, доведува до голем број труења кои често завршуваат со сериозни компликации./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button