ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија се дави во корупција во друштво со Индија

Корупцијата и понатаму е еден од најголемите проблеми за земјата. Во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл од вкупно 180 земји, С Македонија се најде на 85-то рамо до рамо со Тунис и Индија. Иако земјава бележи пораст од 2 места од минатата година, ние и понатаму сме меѓу последните на Балканот. Скандалите во судството како и корупциските афери од минатата година ја редат земјава на листата на најкорумпирани во светот. Во извештајот се наведува дека иако се отвораат нови случаи, тие не се гонат поради несоодветното судство кое го сочинуваат лица избрани на неадекватен начин.

Advertisements

За Слаѓана Тасева, овој резултат е вознемирувачки. Таа спомна некои од најголемите скандали кои ја доведоа земјата до овој резултат.

На листата на судски скандали Тасева ги додаде и изборот на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, оставката на првиот човек на Судскиот совет Павлина Црвенковска, незаконското издавање пасоши на лица инволвирани во криминални афери, како и тоа што најголем дел од случаите поведени од поранешното Специјално обвинителство немаат судски епилог.

Според неа, сите се виновни за ваквиот резултат, почнувајќи од судството и обвинителството, политичката волја и фактот што се спроведени само 30 отсто од стратегијата за борба против корупцијата. За ваквиот извештај реагираше и ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата година меѓународниот фактор неколку пати алармираше за нивото на корупција во земјава. Дури и тим од САД дојде во С Македонија за да ја истражи корупцијата. Од земјите на Западен Балкан, подобро рангирани од нас се Црна Гора и Косово, а зад нас се Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button