СПОРТФУДБАЛ

Македонија се искачи пет места на ранг-листата на ФИФА

Ремито 1:1 со Белгија во Скопје и победата од 1:0 на гостувањето кај Казахстан им донесоа на „Рисовите“ 15,21 поени повеќе од претходното рангирање, што резултираше со скок од пет позиции.

Advertisements

Македонија ги скокна Јамајка, Албанија, ОАЕ, Јордан и Буркина Фасо.

На врвот нема промени, прва и натаму е Аргентина пред Шпанија и Франција. Португалија го зеде шестото место од Холандија, а Италија излезе од топ 10 на чие место влезе Хрватска.

Најголем скок забележа Костарика која се искачи 14 места и сега е 40-та, најмногу поени доби Хондурас (46,33), најмногу падна Јамајка (7 позиции), а најмногу поени изгуби Хаити (30,11). Овие северноамерикански репрезентации учествуваа на континенталниот Голд куп.

Наредното рангирање ќе биде објавено на 18 септември, а дотогаш Македонија ќе одигра квалификациски натпревар против Лихтенштајн (7 септември), и можеби пријателска против Саудиска Арабија (4 септември).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button