
„Handball-Planet“ стандардно пред стартот на големите натпреварувања објавува рангирање на репрезентациите според досегашните перформанси. Така е и сега пред Светското првенство кое ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска. Според анализата, Македонија се очекува да ја мине првата фаза на натпреварувањето.
Во нашата група се Холандија, Унгарија и Гвинеја, а токму африканската селекција е најголем аутсајдер. На рангирањето Македонија е поставена на 22. позиција од вкупно 32 репрезентации, што значи пласман во втората фаза, а потоа во неа лошо рангирање.
На врвот се наоѓа селекцијата на Данска пред Франција, Германија и Хрватска, а на дното е нашиот ривал Гвинеја како најголем аутсајдер. Од нашата група најдобро котира Унгарија на осмото место, а Холандија е 12.