Фајзер сѐ уште не ставил потпис на договорот со Македонија

„Фајзер“ сè уште нема потпишано договор со Северна Македонија за вакцини против ковид 19. Последното барање на фармацевтската компанија е дека во случај на несакани ефекти, Македонија треба да преземе одговорност за обештетување на пациентите. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека договорот со американската компанија е пред финализирање.
Шанси, вакцините од Фајзер да пристигнат во нашата земја во текот на март, не постојат. Надежта останува во платформата „Ковакс“, преку која се очекува да пристигне првиот контингент на вакцини Астра&Зенека. Во меѓувреме, Европската агенција за лекови, по лабораториски испитување, ја потврди дозволата за безбедност за употреба на вакцината Астра& Зенека за земјите на ЕУ. Ова се случи по многу публикации за несакани ефекти на вакцината во некои држави, по што во 13 европски земји кои привремено ги суспендираа вакцините Астра и Зенека, меѓу кои и Словенија, Холандија и Португалија продолжија со вакцинацијата. Директорот Ханс Клугер рече дека мора да се врати довербата во вакцината.
„Во моментов знаеме дека придобивките од вакцината Астра& Зенека ги надминуваат ризиците и треба да продолжат да се користат за спасување животи. Треба да ја вратиме довербата, ако некој ја изгуби, особено за Астра& Зенека. Оваа доверба се враќа со транспарентноста на надлежните и науката“, изјави Ханс Клуге, директор на Европската агенција за лекови.
Преку платформата „Ковакс“, вакцината Астра&Зенека се очекува да дојде во нашата земја, како и во Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Македонија го чека и вториот контингент на руска вакцина Спутник V, по пакетот од 3 илјади дози.
Аднан Ќаили