КОШАРКАСПОРТ

Македонија со една измена во Полска, повреден е Зеќири

Со една измена во играчкиот ростер денеска, нашата најдобра селекција, ќе тргне на пат кон Полска каде во понеделник ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски мораше да направи една измена во играчкиот ростер. Односно во комбинација за настап против домашната селекција, на средбата која на 26.февруари се игра во Сосновиец, да биде Марин Петков.

Довчерашниот младински репрезентативец ќе го заземе местото на Лејсон Зеќири, кој по натпреварот со естонците се пожалил на здравствени проблеми, поради кои не е во состојба да патува за Сосновиец, каде од 18:00 часот. го играме вториот меч од квалификациите за пласман на Евробаскетот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button