СПОРТФУДБАЛ

Македонија У16 сигурна против Киргистан

Репрезентацијата на Македонија до 16 години оствари победа со 2-0 над соодветната селекција на Киргистан во вториот контролен натпревар што го одигра нашата селекција во Сиде, Анталија.

Advertisements

Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар. Покрај двата постигнати погодоци во првото полувреме, нашите млади фудбалери пропуштија неколку извонредни прилики. Фадил Исламовиќ со гол од пенал во 12. минута ја доведе Македонија во предност. Сонер Ракипи во 18. минута погоди за предност од 2-0, по една добра акција изведена од нашите фудбалери.

Бленди Љачка имаше одлична прилика да го зголеми нашето водство, шутирајќи одлично од 20 метри, но голманот на Киргистан со добра интервенција го сочува својот гол. Во нова добра можност за гол се најде Дејан Спасевски, но немаше среќа да погоди.

Првиот контролен натпревар во Сиде, Анталија, младата репрезентација на Македонија го одигра против Русија. На тој тест меч, селекцијата на Русија забележа победа од 3-0.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button