Македонија во моментов само со вакцините донирани од Србија

Влеговме во март и без кинески вакцини, иако беше ветено дека ќе пристигнат до крајот на февруари. Премиерот Зоран Заев рече дека вакцините може да пристигнат секој ден, но без да прецизира кога.
Од друга страна, министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека со овој проблем се соочуваат повеќето земји – членки на НАТО. Таа рече дека снабдувањето со вакцини во малите држави е многу тешко, бидејќи количината на нарачки е мала, додека продавачите не се заинтересирани да продаваат мал број вакцини.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски реагираше на ставот на Шекеринска.
„Не се срамите. Сте имале можност да донесете вакцини, но не сте ги донеле. Вие сте срам за оваа држава. Веднаш оставка!“, рече Мицкоски.
Во моментов, Македонија е има само вакцини Фајзер, донирани од Србија. 5.960 вакцини што државата ги нарача директно од Фајзер се очекува да пристигнат овој месец. За руската вакцина Спутник Ве договорот е потпишан, додека државата ги очекува вакцините „Астра Зенека“ преку механизмот „Ковакс“.
Вјолца Алити