МАКЕДОНИЈА

Македонија заостанува со дигитализација во образованието

Дигитализацијата на државните универзитети во земјава не е во посакуваното ниво- оценува Форумот за промени во образованието. Во анализата на состојбите со дигитализацијата на државните универзитети, се вели дека академскиот процес сè уште продолжува да се одвива како во 20 век и покрај технолошките промени што веќе ги доживеале речиси сите институции.

„Имаме намера да воспоставиме систем на „нулта папирологија“ каде што ќе се вршат сите административни услуги без потреба од печатење на хартија, што ќе се врши преку дигитални средства. Второто е зајакнување на дигиталниот индекс, а третото има врска со трансформацијата на таканаречениот шалтер за студентски прашања“, рече Бленди Ходаи- Форум за промени во образованието.

Од Институтот за добро владеење и евроатлантска перспектива посочија дека дигитализацијата е скап процес кој бара пари, ресурси и знаење, но пред се волја.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека општеството не е подготвено за дигитализација, не поради технологија или инфраструктура, туку поради недостиг на човечки ресурси за нејзино спроведување.

„Аспектот на дигитализација на универзитетите е многу важен, но не заборавајте дека вие како млади сте способни и имате таленти кои покрај овие дигитализирани процеси, можете да ги искористите за лична, индивидуална и професионална работа“, изјави Алиу.

Заменик- министерот за образование Агим Нухиу рече дека се развива стратегија за дигитализација која ќе ги дефинира приоритетите на државата а во неа е дигитализацијата на високото образование.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button