ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонската опозиција го поддржува моделот со една изборна единица, но бара широк политички консензус

Македонската опозиција го поддржува моделот со една изборна единица, но бара широк политички консензус

СДСМ го поддржува моделот со една изборна единица, отворени листи, па дури и одлука за намалување на бројот на пратеници во Собранието. Но, според координаторот на пратеничката група на оваа партија, Оливер Спасовски, за да се донесе ваква одлука е потребен консензус од сите политички субјекти во земјата. Во интервју за Алсат, Спасовски рече дека изборното законодавство не смее да се менува без согласност од сите.

Advertisements

Одложувањето на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, Спасовски го оцени како дипломатски неуспех. Тој ги осуди изјавите на бугарските европратеници кои, како што рече, сакаат да ја оспорат или понижат Македонија и нејзиниот народ.
Спасовски беше дециден дека идентитетот, јазикот и културата на земјата се прифатени во ЕУ и се дел од неа, нешто што, никој не може ниту има право да го оспори./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button