ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонската полиција уапси поранешен припадник на ОВК по потерница од Србија

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Advertisements

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

– Нашиот амбасадор во Северна Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button