ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонската влада се пофали со руска фискална сметка

Во промотивното видео на Владата на денешната конференција „Година на нови можности“, се појавува руска фискална сметка и покрај тоа што во тој видео материјал, меѓу другото, се посочува и на  економската криза предизвикана од војната во Украина, започната од Русија.

Advertisements

Алсат испрати прашања до Владата за тоа кој го направил ова видео како и одговорниот за проверка на неговата содржина, но засега нема одговор. Оваа руска фискална сметка се појави пред очите на целиот владин кабинет на премиерот Димитар Ковачевски, присутни беа и Артан Груби, Фатмир Бесими, Славјанка Петровска, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Никола Тупанчевски и други.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button