ВЕСТИРЕГИОН

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со пет евра

Државјанин на Република Северна Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Advertisements

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница.

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button