МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Македонски државјанин уапсен во Хрватска за шверц на 25 мигранти

Државјанин на Северна Македонија е уапсен и притворен во Хрватска поради шверц на 25 мигранти, јавува Индекс.хр.

Advertisements

Осомничениот утрово бил сопрен од полицијата во Имотски. Тој бил зад воланот на комбе во кое имало 25 странци кои илегално влегле во Хрватска.

„Постои основано сомнение дека 51-годишниот од личен интерес им помагал на странски државјани при незаконско движење така што, по претходен договор, ги презел на подрачјето на Имотски, откако нелегално пеш влегле територијата на Хрватска“, информира Антонела Лолиќ од сплитската полиција.

Уапсениот 51-годишен македонски државјанин е пренесен во притвор и против него е поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button