ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин убиен на Халкидики

Во грчките медиуми има различни верзии за инцидентот. Според едни, двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде престојувале двајца македонски државјани и почнале да пукаат кон нив, а според други тие биле пресретнати во хотел во Ханиоти

Заедничко во сите информации кои доаѓаат од Грција е дека едно лице е убиено, а друго со сериозни повреди е пренесено во болница. Се наведува дека убијците дошле и заминале со моторцикл.

Advertisements

Во убиениот 39 годишник кој, според информациите на грчките медиуми бил сопственик на казино, биле испукани повеќе куршуми. Неговиот пријател, кој бил сериозно повреден, е пренесен во болницата во градот Полигирос.

На местото на нападот полициските екипи пронашле повеќе од 20 чаури. Тамошните медиуми веќе го употребуваат терминот „егзекуција“.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button