ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон: Патниот лист е со важност од 30 дена, чини 30 евра на трошок на граѓаните

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година сѐ уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, дека можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Advertisements

Патни листови, стои во објавите од Амбасадите ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button