ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонските партии против предлогот на Алтернатива за асоцијација на албански општини

Македонските партии против предлогот на Алтернатива за асоцијација на албански општини

Предлогот на Алтернативна за формирање на асоцијација на албански општини во С Македонија според моделот предложен од меѓународната заедница за Косово, македонските партии во земјава го отфрлија. СДСМ ова го смета за несериозно и како обид на Алтернатива да заработува политички поени.

Advertisements

За првиот човек на опозицијата Христијан Мицковски доволен е Охридскиот договор и додава дека ваквите идеи можат да ги влошат меѓуетничките односи.

И од Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов соопштија дека се против предлогот на Алтернатива.

За разлика од нив, албанските партии кои водат дел од општините во С Македонија решија воопшто да не го коментираат изнесеното од Алтернатива. Од ДУИ и Алијанса за Албанците не одговорија на прашањето на АЛСАТ, а од БЕСА ни рекоа дека ќе им треба време да одлучат дали се за или против предлогот.

„Ова се сериозни теми за сериозни партии кои бараат внатрепартиска и јавна дебата. Во моментот кога ќе имаме став во врска со оваа иницијатива, медиумите и граѓаните ќе бидат информирани“, велат од БЕСА.

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити не се изјасни против иницијативата и рече дека српската заедница во Косово ќе има домино ефект и во С Македонија.

Инаку, по една година владеење на Алтернатива, пред два дена дојдоа до идеја за здружување на општините со албанско мнозинство во државава и ги повикаа другите албански партии да ја поддржат иницијативата./Алсат.мк

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button