(ФОТО) Македонските цариници запленија косовски автобус адаптиран за шверцување

Царинската управа информира за откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир.

При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.
Запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен тим по извршена детална контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки во Царинска испостава 1014.