Македонското археолошко друштво го брани Паско Кузман, се спротивставува кон новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами
Македонското археолошко друштво го брани Паско Кузман, се спротивставува кон новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами

Здружението на македонските археолози ги нарекува шпекулации и невистини пишувањата на Алсат за археолошките наоди во струшко Корочиште. Од здружението велат дека се шокирани од изнесените невистини на Алсат, по присуството на Паско Кузман на археолошкиот локалитет во Корочиште во Струга.
„Целосно сме згрозени од изнесените невистини за Паско Кузман, наш колега, долгогодишен член и поранешен претседател на здружението. Паско Кузман НИКОГАШ не бил осуден, а уште помалку осуден за кражба и присвојување на артефакти“, велат од Здружение на македонски археолози.
Но, иако здружението на археолози со големи букви пишува дека Паско Кузман НИКОГАШ не е осуден, фактите зборуваат поинаку. Алсат ја обезбеди одлуката на Апелациониот суд Скопје за случајот „Фаланга 2“. Станува збор за група формирана во 2010 година која вршела археолошки ископувања од археолошки локалитети, набавувала археолошки наоди, а потоа посредувала и ги продавала дома и во странство.
Во овој случај, Паско Кузман е еден од обвинетите, но и осуден на 3 години затвор.
Паско Кузман незаконски доделил дозволи за ископ на некои физички лица кои не исполнувале никакви услови. Документот потпишан од Кузман не е предвиден ниту со закон ниту со подзаконски акти за работата на Управата за заштита на културното наследство.
Сепак, Кузман се погрижил делата на овие копачи да бидат заштитени од полицијата, за што на сметка на буџетот на Управата за заштита на културното наследство платил над 60.000 евра. Овие пари Кузман досега требаше да и ги врати на државата или да му се одземе имотот во оваа вредност.
„…како директор на Управата за заштита на културното наследство ја злоупотребил службената положба, со што спротивно на одредбите од Законот за заштита на културното наследство, а на барање на физички лица кои не ги исполниле условите за земање дозвола, има издадено писмена исправа – усогласеност за извршување на работи на две локации, а во меѓувреме за да го обезбедат богатството, кое ќе се најде без правен основ, со допис од 11.11.2011 година побарала полициска асистенција за обезбедување на локацијата која чинела 6 евра на час, па физичките лица кои копеле на локациите биле уверени дека потоа врз основа на писмени известувања Управата за заштита на културно наследство била задолжена да му плати на МВР износ од 3.798.375 денари врз основа на издадените фактури…“, стои во Одлука на Апелационен суд.
Министерот за култура Зоран Лутков не негираше дека Паско Кузман е осуден ниту во интервјуто за Алсат.
Го повикуваме Здружението на археолози да се информираат доколку намерно не манипулираат со јавноста дека лицето Паско Кузман не е осудено лице. Информациите на Алсат за прашања од висока чувствителност и јавен интерес се секогаш објективни и базирани на факти. Го повикуваме Здружението на археолози јавно да и се извини на телевизија Алсат за манипулациите.
Присуството на Кузман на локалитетот во струшко Корочиште ја загрижи јавноста токму поради тоа што Кузман, како што споменавме претходно, е осуден со правосилна одлука за кривично дело со артефакти./Алсат.мк
Суад Бајрами