МАКЕДОНИЈА
Македонското семејство со петдневното бебе заминале од Харков

Семејството со петдневното новороденче, кое беше блокирано во Харков, го напуштило градот, но не и Украина, информира МНР. Тие сега се на безбедна локација. Од земјата се извлечени и 15 други македонски државјани, кои биле ангажирани како набљудувачи во Мисијата на ОБСЕ.
Во Украина е останат уште еден набљудувач, за кого се прават напори со партнерските земји, да се извлече што поскоро. Од ресорното Министерство исто така информираат дека на неколку граѓани што се наоѓаат во Украина им било посочено да се приклучат на коридор со цел да ја напуштат земјата, но тие не можеле да пристигнат до местото на поаѓање, дел поради безбедносни причини, дел поради тоа што немале превоз и гориво.