ВЕСТИСВЕТ

Макрон: Честитки, претседателе Доналд Трамп, подготвен сум за заедничка работа

Францускиот претседател Емануел Макрон му честита на Доналд Трамп, обраќајќи му се како претседател на САД, со порака дека е подготвен да работат заедно како и пред четири години за време на претходниот негов мандат.

Advertisements

„Честитки, претседателе Доналд Трамп. Подготвен да работиме заедно како што работевме четири години. Со вашите убедувања и со моите. Со почит и амбиција. За повеќе мир и просперитет“, напиша францускиот претседател на мрежата Икс.

Трамп претходно утринава прогласи победа на изборите во САД.

Видно задоволен и исполнет, тој на сцената на својот имот во Мар-а-Лаго во Флорида се појави со своето семејство и неговиот изборен тим. Порача дека во Америка доаѓа нова златна ера, во која земјата повторно ќе биде голема, алудирајќи на мотото на неговото движење „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make Amarica Great Again – MAGA).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button