ВЕСТИСВЕТ

Макрон: Франција сака решение за две држави за Израел и за Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон денес повтори дека решението за две држави, со Израел и Палестина, е неопходно за решавање на конфликтот во Појасот Газа.

Advertisements

Зборувајќи во Џакарта, Макрон рече дека нема двојни стандарди во француската политика кон Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„Само политичко решение ќе овозможи враќање на мирот и обнова на долг рок. Заедно со Саудиска Арабија, наскоро ќе организираме конференција за Газа во Њујорк за да дадеме нов импулс за признавање на палестинската држава и признавање на државата Израел и нејзиното право да живее во мир и безбедност во овој регион“, рече Макрон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button