ВЕСТИСВЕТ

Макрон го повика Израел да го запре бомбардирањето на Појасот Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во интервју за француската телевизија „Франс 5“ изјави дека борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население.

Advertisements

Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и секој мора да ги брани.

Иако го призна „правото на Израел да се брани и да се бори против теророт“, францускиот претседател повика на заштита на цивилите и хуманитарен прекин на огнот.

„Хамас е виновен за оваа ситуација, но го повикувам Израел да го запре бомбардирањето на Појасот Газа“, кажа Макрон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button