СВЕТ

Макрон го впери прстот кон Ердоган: Исламисти од Сирија префрлени во Нагорно Карабах

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја потврдила оти повеќе од 300 радикални исламисти пристигнале од Сирија, преку турски Газијантеп, во зоната на конфликти во Нагорно Карабах.

Advertisements

„Однесувањето на Турција не е достојно за земја-членка на НАТО и веруваме дека ваквите активности се целосно неприфатливи. Во овој случај, црвената линија е веќе помината“, рече Макрон, обраќајќи им се на новинарите по првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел, пренесе „еурактив“.

Тој објасни дека споменатите исламистички милитанти биле изнесени од сирискиот град Алепо и потоа распоредени во зоната на конфликтот Нагорно Карабах со цел да учествуваат во воените акции на страната на Азербејџан.

  • Ова е потврден факт, овие лица се идентификувани и следени по нив и сите се поврзани со терористичката организација Исламска држава – рече Макрон.

Тој додаде дека разговарал за тоа со рускиот претседател Владимир Путин, кој потврдил дека и Русија била информирана за тоа.

Извори: „euractiv“, „france24

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button