
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека коронавирусот „не е зад нас“ и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат. „Здравствената криза не е зад нас, многу е јасно. Же живееме со вирусот уште неколку месеци”, рече тој по состанокот на владата за борба против коронавирусот. Во последниве недели, секојдневно се забележува зголемување на бројот на заразени лица во Франција, поради појавата на делта видот коронавирусот, кој се шири побрзо.