Макрон критикува: Советот за безбедност на ООН не носи корисни одлуки

Претседателот на Франција, Емануел Макрон смета дека Советот за безбедност на Обединетите нации не се справува со поставените задачи.
Макрон потсети дека една од главните цели на Советот за безбедност на ООН е создавање на силна и независна Европа. Сепак, тој покажува дека не е во можност да одговори на ваквиот предизвик, вели Макрон за парискиот весник „Гран континент“.
Францускиот претседател истакна дека сега најважно е да се изгради меѓудржавен дијалог бидејќи, како што оцени, само со заеднички напори силите можат да донесат судбоносни решенија за целиот свет.
Сепак, реалноста е сосема поинаква, додал Макрон. Ситуацијата на меѓународната сцена покажува дека не се реализираат можностите за мултилатерална соработка меѓу државите. Во исто време, Советот за безбедност на ООН не е во позиција да понуди нешто за промена на ситуацијата.
„Советот за безбедност на ООН денес не предлага никакви корисни решенија“, заклучи Макрон.