ВЕСТИСВЕТ

Макрон: Може да испратиме војници во Украина ако фронтот се придвижи кон Одеса или Киев

Франција може да испрати војници во Украина доколку линијата на фронтот се придвижи кон Одеса или Киев, изјавил францускиот претседател Емануел Макрон, со што потврдува дека не се откажува од идејата да испрати француска армија на боиштата во Украина, пренесува француски „Индипендент“.

Шефот на Франција вчера ги примил шефовите на политичките партии во земјата, а како што пренесуваат тамошните медиуми, целта била да се направи редефинирање на линијата на поддршка за Украина.

Според пишувањата на медиумите, тој не се откажува од идејата за испраќање војници во Украина.

Кон крајот на минатиот месец, по завршувањето на Самитот на европските лидери во Париз, Макрон изјави дека не е постигнат консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи и дека не треба да се исклучи и оваа можност.

„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сè за да не победи Русија“, рече тогаш Макрон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button