СВЕТ

Макрон најави нови мерки за Франција,

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата најави воведување нови ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот корона, откако досега во Франција е забележано најголемо дневно зголемување на бројот на пациенти од скоро 19 илјади.

Advertisements

„Кога вирусот циркулира со оваа брзина, неизбежни се нови ограничувања“, рече синоќа Макрон во интервју за двете најголеми француски телевизии, пренесува Ројтерс.

Мерките најпрво ќе бидат воведени во Лион и Лил. Француската министерка за здравство, Оливија Веран ќе ја соопшти одлуката на прес-конференција во текот на денот, кога станува збор за мерките во овие два града, но сѐ уште не е познато како ќе изгледаат новите ограничувања.

Претставницита на Министерството за здравство не биле достапни за коментар, објави лондонски Гардијан, повикувајќи се на Ројтерс.

Париз и Марсеј го зголемија нивото на рестрикции. Први тоа го почувствуваа кафулињата во француската престолнина, кои мораа да бидат затворени две недели, а рестораните мораа да бидат подложени на специјални санитарни инспекции за да останат отворени.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button