ВЕСТИСВЕТ

Макрон по падот на владата: Ќе останам претседател до крајот на мандатот во 2027 година

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, кој трае до мај 2027 година, пренесе Ројтерс.

Advertisements

Во синоќешното обраќање до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент и изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.

„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон за време на десетминутниот говор, додавајќи дека во „наредните денови“ ќе именува нов премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button