
Најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе реципрочни царини кон трговските партнери предизвика реакција од неговиот француски колега Емануел Макрон. Макрон во изјава за Си-ен-ен вели дека Европа е сојузник на САД и дека е подготвена да возврати за царините.
„Веќе го направив тоа, и ќе го направам повторно“, вели Макрон.
Макрон додава дека ЕУ не треба да биде „главен приоритет“ за САД, велејќи дека нивниот прв проблем е Кина.
„Дали Европската унија е вашиот прв проблем? Не, не мислам така. Вашиот прв проблем е Кина, затоа треба да се фокусирате на првиот проблем“, додава Макрон.
Макрон рече дека царините ќе им наштетат на европските економии, но и на САД, со оглед на нивото на економските врски.
„Тоа значи дека ако поставите царини на многу сектори, тоа ќе ги зголеми трошоците и ќе создаде инфлација во САД. Дали е тоа она што го сака вашиот народ? Не сум толку сигурен“, рече тој.