СВЕТ
Макрон загрижен од наводите дека Турција праќа платеници во Нагорно Карабах

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е загрижен за обвинувањата дека Турција испратила сириски платеници да го поддржат Азербејџан во конфликтот со Ерменија за територијата Нагорно Карабах.
Во соопштението од кабинетот на Макрон се вели дека Макрон и рускиот претседател Владимир Путин разговарале на телефон во средата вечерта за тоа прашање и оти и двајцата лидери споделуваат загриженост во врска со наводното испраќање на сириски платеници во Нагорно Карабах.