ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

Успеавме да победиме со еден лаптоп, еден фото апарат и голема граѓанска поддршка, рече независниот кандидат на Куманово, Максим Димитриевски, кој штотуку прогласи победа во таа општина.
„Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто успеаја денеска да се одважат и да излезат на избори, да се заблагодарам за секој еден добиен глас. Тоа е обврска повеќе за сите нас да работиме уште повеќе за нашиот град“, рече Димитриевски.