Максути: Евентуалната одлука на Уставниот суд да отстрани некои одредби од законот за употреба на јазиците, директно би го нападнала националниот идентитет на Албанците
Максути: Евентуалната одлука на Уставниот суд да отстрани некои одредби од законот за употреба на јазиците, директно би го нападнала националниот идентитет на Албанците

Евентуалната одлука на Уставниот суд да отстрани некои одредби од законот за употреба на јазиците, директно би го нападнала националниот идентитет на Албанците. Вака оценува професорот Мерсим Максути, кој рече дека според најавите, станува збор за отстранување на главните одредби од законот со кои би се ограничило правото на употреба на албанскиот јазик во судските постапки, комуникацијата на службените лица.
„Најавено и отстранување на зборот „Албански“, единствениот збор што постои во законот за јазици, дури и тој е во заграда на „јазикот што го зборуваат над 20 проценти“, во заграда албанскиот јазик, најавено е дека и ова ќе се отстрани. Со ова директно се напаѓа нашиот национален идентитет, не само употребата на јазикот како право, национално обележје на Албанците, сакам да кажам дека Албанците преку јазикот го дефинираат и својот елемент како конститутивен елемент на оваа држава, еднаков на македонскиот народ„, рече Мерсим Максути, професор.