Максути: Законот за јазици е чуствително прашање
Максути: Законот за јазици е чуствително прашање

Универзитетскиот професор Мерсим Максути, смета дека доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ги инспирирало институциите да ги оживеат предметите ставени во фиоките. Меѓу нив е и оспорувањето на Законот за јазиците, кој во Уставниот суд е од 2019 година. Според Максути, ова можело да биде спречено ако правната основа на законот беше регулирана во овој период.
„Ние сме високо политизирано општество. Ова е многу чувствително прашање и во тој поглед, Законот за албанскиот јазик доаѓа како последица на нерегулирање со Уставот. Недостаток на регулирање на правната основа е тоа што ме боли, и повторив дека во одреден момент ова ќе биде отворено како прашање пред Уставниот суд“, рече Мерсим Максути, универзитетски професор по уставно право.
Максути смета дека Уставниот суд при расправата и одобрувањето на одлуката треба да ги има предвид спецификите, внатрешните карактеристики, соживотот, духот на Охридскиот договор .Максути, подвлекува дека прашањето е многу чувствително и може да влијае на хаосот и кризата во општеството.
„Не може да се толкува толку лесно, да се поништи овој закон. бидејќи овој закон може да влијае и суштински да ги дестабилизира односите меѓу двете најголеми етнички групи. Тоа е многу чувствително прашање. Треба да ги следи практиките на најреномираните судови, особено Врховниот суд во Америка, кој по истото прашање, по 100 години или 50 години, кога таму се променија општествено-политичките околности, направи и поинакво толкување за да не се дестабилизира и да се создаде хаос, криза во политичкото општество на таа земја“, додаде Мерсим Максути, универзитетски професор по уставно право.
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во интервју за МИА, изјави дека во првата недела од октомври законот ќе биде ставен на дневен ред. Според него, со овој закон, политиката предизвикала правен хаос, кој резултирал со политички хаос, недоверба, дилеми./Алсат.мк
Суад Бајрами