Мал број демонстранти протестираа пред Собранието
Мал број демонстранти протестираа пред Собранието

Додека траеше гласањето во собранието, надвор пред законодавниот дом, мал број на незадоволни демонстранти протестираа против францускиот предлог. Со развиорени црвени знамиња, и пароли против владеачкото мнозинство граѓаните извикуваа „Уа предавници“ и слични други слогани. На самиот чин на гласањето, демонстрантите фрлија неколку тоалетни хартии кон главниот влез на собранието. Против франциускиот предлог се протестираше 12 дена.
„Некој од позади поголем ја игра оваа игра. Ние сме пионче за жал. Зошто нема луѓе, падна надежта кај Македонците? Јас сум изненадена колку малку има луѓе за разлика од претходните денови. Мислам дек е и топло, а мислам и дека луѓето се разочараа во голема мера”, рече една граѓанинка.
„Сите очекуваат дека уставот нема да се отвори и затоа не доаѓаат. Има луѓе што се на одмор, плус луѓето се исплашени им се закануваат со казни со полиција и народот е исплашен. Полицијата се казнува, Спасовски се заканува. Не треба ова да се прифаќа, францускиот предлог е погубен за нас”, изјави еден граѓанин.
„Во врска со младите, тие треба родителите да ги воспитаат младите да ја чувствуваат Македонија како мајка и како татковина, па да имаат порив во себе длабоко за да излезат, инаку не излегуваат. Погрешно, и образованието не ги воспита да ја сакаат татковината, патриотски песни нема во учебниците.
Се гледате ли како граѓанка на Европска Унија?
Не, тоа што го гледам од медиумите, тоа што се случува во Европска унија во Америка во западниот свет не ми се допаѓа во однос на воспитување на деца, во однос на образование“, рече една граѓанинка.