ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мал интерес за новогодишни резервации во Охрид и Струга

И покрај тоа што на прсти за сега се бројат резервациите за новогодишни аранжмани, од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се оптимисти дека Охрид и Струга, за време на празниците ќе бидат полни со туристи.

Advertisements

„Очекувам дека некаде 80-90% за новогодишните празници ќе бидат полни капацитетите, на домашните и странските гости во Охрид.Поради новиот сој на корона вирусот и поради сосотојбата во ЕУ и одредените редуцирања на патувањата и протоколите кои дополнително ги заострија рестриктивните мерки,мислам дека последните десеттина дена ќе имаме поголем број на букирања кога се во прашања на новогодишните празници“, вели Љупчо Јанески-директор на Агенција за промоција за туризам.

Но, не мислат така хотелиерите. Во моментот најголем дел од хотелите нудат само аранжмани ноќевање со појадок, без организиран дочек за Нова година, поради постоечките протоколи со кои се превидува искористеност на капацитетите од само 50%.

„Кога ќе се земе во предвид целата бројка на капацитети на охридско-струшкиот регион, очекувањата се дека вкупниот капацитет нема да биде исполет повеќе од 50%,за сега.Во поголемиот дел од хотелите, нема да има организирани дочеци“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Сериозен проблем сега се создава и со најавите на некои ниско буџетни авио компании,кои веќе најавија дека ќе ги укинат или стават во мирување добар дел од авиолиниите кон Македонија и земјите од регионот.

„Секако дека тоа ќе се одрази врз туристичкиот сектор и слободното патување на туристите кои сакаат да патуваат во овој период од годината.Според мене се должи на моменталните рестрикции во ЕУ, околу новиот корона сој“, рече Љупчо Јанески-директор на Агенција за промоција за туризам.

Хотелиерите денеска имаа средба со туроператорите од Молдавија – првите туристи од оваа земја се очекуваат од наредната година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button