ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Мал интерес за вакцинација против Ковид

Вакцинацијата продолжува, но со слаб интерес. Во поликлиниката Букурешт во Скопје, пунктот за вакцинација работи само во втора смена, но граѓаните не се заинтересирани за имунизацијата во летниот период. Во поликлиниката беше само персоналот, кој ни кажа дека во текот на месец јули не дале ниту 100 дози.

Advertisements

Во поликлиниката Букурешт денеска нема граѓани заинтересирани за вакцинација. Почна да се дава четвртата доза, но граѓаните не доаѓаат да се имунизираат против Ковид.

Во поликлиниката во Чаир и Јане Сандански, имунизација против Ковид е организирана само во прва смена, но на третиот пункт за имунизација во главниот град, медицинската сестра Мирковска ни изјави дека работат до доцна.

Од Министерството за здравство велат дека според последните информации на „Мој термин“ досега четвртата доза ја примиле над 5.000 лица. Како четвртата доза се аплицира Фајзер или Модерна. Препорачаниот интервал помеѓу дозите 3 и 4, е најмалку четири месеци.

„Најголем број вакцинирани во јули се со четврта доза, над 5000. Со третата доза се вакцинирани околу 700 лица, додека значително помал е бројот на вакцинирани со прва и втора доза во јули“, рекоа од Министерството за здравство.

Вакцинацијата со четврта доза, според надлежните, особено се препорачува за пациенти со хронични заболувања, пациенти на дијализа, пациенти со трансплантација, пациенти на онкологија, со намален имунитет и за лица над 60 години. Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, вкупно 875.236 лица се регистрирани со најмалку една доза од вакцината против Ковид, а вкупно 856.248 лица се целосно вакцинирани со две дози.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button