МАКЕДОНИЈА
Мал пожар во Министерството за култура, го изгаснале вработените
Мал пожар во Министерството за култура, го изгаснале вработените

Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле евакуирани навремено.
-Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета, наведува во соопштение Министерството за култура.
Оттаму посочуваат дека кога ќе имаат дополнителни информирмации, ќе ја информираат јавноста.