Малата депонија со линдан од Охис ќе се чисти до крај на 2025
Малата депонија со линдан од Охис ќе се чисти до крај на 2025

„Се наоѓаме во старата хемиска фабрика на ОХИС, каде што има отпад од линдан. Во шаторот зад мене има околу 3.000 тони линдан. Досега се исчистени 1900 тони остатоци од линдан, додека директорот на проектот Зоран Ристиќ рече дека до крајот на следната година се очекува да заврши проектот за целосно чистење на малата депонија. Се уште нема конкретен проект за чистење на големата депонија“, Линда Ебиби, новинарка на Алсат М.
Отпадот од линдан кој е во населена област во главниот град, е на прво место по опасноста по животната средина и здравјето на луѓето. За целосно чистење на малата депонија, мора да се ископаат повеќе од 1.000 тони линдан и 1.000 тони загадено земјиште, кое се препраќа во Германија, додека отпадот се чисти во Франција.
Во депониите на линдан, исто така, се детектира присуство на жива што е многу опасно за животната средина и здравјето на луѓето. Од оваа причина, Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди дополнителни средства од Норвешка, односно 1,9 милиони евра, и од Европската комисија 2,5 милиони евра, за целосно да се исчисти малата депонија.
„И на двете депонии детектирано е присуство на жива, што е многу опасно за животната средина и за здравјето. Поради тоа што овие депонии се наоѓаат во главниот град, како и во населеното место, како и поради тоа што овие хемикалии спаѓаат во групата на хемикалии од Стокхолмската конвенција, за елиминација,пристапот на фондациите беше голем“, рече Лендита Дика, Советник за индустриско загадување и управување со кризи.
Првиот вицепремиер и министер за екологија, Изет Меџити, вели дека прво треба да се исчисти малата депонија, а потоа и големата депонија на линдан. Нагласи дека се во фаза на изработка на стратегија за долгорочни решенија за најопасните подрачја во државата.
„Во големиот базен, работиме на долгорочни стратегии заедно со експерти и стратешки партнери на Европската унија, и експерти од оваа област, ги анализираме физибилити- студиите, експертизите за изнаоѓање на најевтини, најбрзи и најдобри решенија кои еднаш засекогаш, значи не само линданот во Охис, туку и опасниот отпад кој е во Ваксинце -Липково, Југохром во Јегуновце и во Велес. Неопходно е прво да се исчистат, а потоа да се дејствува во други насоки за подобра животна средина“, изјави Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање.
Во земјата има 54 општински депонии кои не се во согласност со националното законодавство и се планирани за затворање и рехабилитација. Од нив 16 се со најголем ризик, меѓу нив е депонијата за линдан и рудникот за арсен во селото Љојане во Општина Липково. За вториот, претходната влада имаше предвиде средства за отстранување на опасниот хемиски отпад, но до крајот на мандатот тие не презедоа ништо./Алсат.мк
Линда Ебиби