МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Децата од Украина не можат да посетуваат градинка

Две и пол годишниот Никита и петгодишниот Андреј, првите деца од Украина кои заедно со своите родители пред две недели дојдоа во земјава, засега нема да можат да посетуваат градинка во Охрид и ќе мора да останат дома.

Од министерството за труд и социјална политика велат дека уписот во детските градинки се спроведува согласно, пропишаните норми кои важат за упис на секое дете, помеѓу кои е и достава на потврда дека детето е здраво и негов уреден вакцинален статус. Во моментов, велат од таму заедно со Министерството за здравство работеле на изнаоѓање на конкретно решение за деца кои доаѓаат од кризни региони.

„Наидовме на проблем, затоа што немаме доказ дека се вакцинирани. Јас им кажав дека тие се вакцинирани, но нас тој картон ни остана во детската клиника. Клиниката во моментот не работи. Немам сознанија дали е урната. Да се социјализираат, да можат со деца да се дружат. Тие одеа во градинка во Украина и за нив е подруго. За поголемиот имам извадено извод на родени, регистриран е овде пред 4 години“, рече Дарко Кипаризовски, Жител на Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button