
Малта денеска од Македонија го презема едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а претседавањето ќе го врши шефот на дипломатијата Иан Борг.
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи на 1 декември, на крајот од 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, изјави дека одлуката за претседавање на Малта е донесена едногласно.