
Манчестер јунајтед синоќа имаше уште еден лош меч кој го загуби и прими три голови, одбраната и Андре Онана повторно беа под стандардите на гигантот од “Олд Трафорд”.
Манчестер јунајтед прими 18 голови на 10 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Тоа за нив е најмногу примени голови во првите десет меча од една сезона по 1966/67 кога примиле 20 погодоци.