ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Манасков: Процесот на користење на течениот гас е скап и долг

Манасков: Процесот на користење на течениот гас е скап и долг

Компаниите од Македонија кои како главен енергенс го користат природниот гас, стравуваат за својата иднина. Барањето на алтернатива за рускиот гас кој во земјава влегува преку Бугарија сериозно ги загрижи дел од стопанствениците. Од Стопанската комора за енергетика велат дека процесот на замена на природниот со течниот гас не е едноставен, туку долг и доста скап.

Advertisements

„Цела Европа, нормално тоа важи и за Македонија бидејќи и ние користиме руски гас, се ќе мора да се менува, цела опрема ќе мора да се смени за да се користи американскиот течен гас. А тоа може да се набави само од две места едното е во Шпанија а другото во Полска за промена на инфраструктурата“, изјави Ѓорѓи Манасков претседател на Стопанска комора за енергетика.

Во Македонија рускиот гас го користат над 50 фабрики. Производствените капацитети со странски капитал сместени во индустриските зони, како и други поголеми компании од фармацевската и прехранбената дејност се зависни токму од рускиот гас. Информациите кои денеска пристигнаа од официјална Москва велат дека доколку Европа дефинитивно се откаже од рускиот гас, во тој случај истата количина ќе биде пренасочена кон азискиот пазар. Цената на природниот гас доживува турбуленции по најавите дека Европската унија како санкција кон руската федерација ќе се откаже од овој енергенс. Македонските власти засега уверуваат дека енергетскиот сектор во земјава е стабилен. Од ЕСМ велат дека прават огромни напори да менаџираат со оваа енергетска криза. Земјава е веќе дел од проектот за снабдување со течен гас преку Алесандропулис, кој има за цел да биде почеток на енергетска независност на Македонија. Проектот Александропулус тежи 370 милиони евра, а земјава учествува со 25 отсто, најголемиот дел од парите се обезбедени од меѓународни финансиски институции и средствата се неповратни.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button