СПОРТФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за данскиот играч на Барселона

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е заинтересиран за данскиот играч на Барселона, Андреас Кристенсен, пренесува британски „Мирор“.

Advertisements

27-годишниот дефанзивец не е редовен првотимец во Барселона, и данецот сезонава одигра 18 натпревари за каталонскиот клуб во сите натпреварувања. Кристенсен во Барселона пристигна во 2022 година од Челзи, а со каталонскиот клуб има договор до јуни 2026 година.

Британските медиуми пренесуваат дека новото раководство во спортскиот сектор во Манчестер Јунајтед, на чело со Сер Џим Ратклиф, подготви одлична понуда за данскиот фудбалер, а Барселона е подготвена да ја намали висината на обештетувањето поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа шампионот на Шпанија.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, смета дека Кристенсен би бил идеално засилување за „црвените ѓаволи“. Интерес за данскиот репрезентативец покажа и Њукасл. Кристенсен за данската репрезентација одигра 68 натпревари и три пати се запиша во листата на стрелци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button