СПОРТФУДБАЛ

Манчестер Jунајтед ја одреди цената Mаркус Рашфорд

Eкипата на Манчестер Jунајтед со Рубен Аморим врти нова страница за која се надева дека ќе биде поуспешна, а една од „жртвите“ по заминувањето на Ерик Тен Хаг би можел да биде Маркус Рашфорд.

Англискиот голгетер кој е продукт на Aкадемијата на Манчестер Jунајтед во дресот на „Црвените Ѓаволи“ дебитираше на 18-годишна возраст во 2016 година и изгледаше дека ќе биде долгорочно решение како лидер во нападот.

Во сезоната 2022/2023, Рашфорд и ги оправда очекувањата бидејќи постигна 30 голови во сите натпреварувања, сепак потоа дојде до пад во неговата форма.

Наводно, Аморим по пристигнувањето во клубот воопшто не бил импресиониран од залагањето на фудбалерот кој добива огромни 325.000 фунти неделно. Британските медиуми шпекулираат и дека Манчестер Jунајтед ја одредил цената која ќе изнесува 50 милиони фунти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button