СПОРТФУДБАЛ

Манчестер Јунајтед продолжува да тоне, Аморим има само 6 победи!

Манчестер Јунајтед продолжува да тоне и да игра една од најлошите сезони и покрај смената на тренерот. Рубен Аморим беше пречекан како потенцијален менаџер цела ера, но во првата сезона неговите резултати не ги исполнија сите очекувања.

Advertisements

Во Премиер лигата, Јунајтед има одиграно 21 натпревар со Аморим и има само ШЕСТ победи, со пет нерешени и дури 10 порази. Покрај тоа, Јунајтед има негатива во Премиерлигата со Аморим, 26 постигнати и дури 33 примени гола. На сето тоа треба да се додаде дека Јунајтед е само на 14. место со 38 бодови, а Вест Хем кој е прв над линијата има само три помалку – 35.

Неверојатен е и податокот дека лидерот Ливерпул и најголемиот ривал има 76 бода, двојно повеќе од Јунајтед. Аморим може да се извлече само во Лига Европа, иако и таму го чека тешка работа, бидејќи треба да го победи Лион на „Олд Трафорд“, по 2:2 во првиот меч.

Португалецот секако е под огромен притисок и прашање е дали следната сезона ќе успее да го врати Јунајтед таму каде што му е местото, особено ако остане без место во Европа, што е повеќе од сигурно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button