
Шпанецот Давид Де Хеа е пред сензационално враќање во дресот на Манчестер Јунјатед, откако минатото лето беше изигран од челниците на овој клуб кои долго време преговараа со него, па потоа во последен момент решија да го ангажираат Андре Онана од Интер.
Причина за ваквите најави е стравот во стручниот штаб дека ќе имаат голем проблем на голманската позиција за време на отсуството на Онана на почетокот од следната година, поради настапот на Африканскиот куп на нации во дресот на Камерун.
Во негово отсуство, „ѓаволите“ би останале само со турскиот чувар на мрежата, Алтај Бајиндар, кој се уште нема дебитирано во Англија и во кого не гледаат достојна замена во моментов во улогата на прв голман на Јунајтед. Единствен проблем во евентуалното враќање на Де Хеа е фактот што тој повторно е потценет, па од поранешниот клуб добил понуда за тримесечен договор додека се врати Онана, по што повторно би си заминал од „Олд Трафорд“.