Манчестер Јунајтед сака титула во Премиер

Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандез нема да му се приклучи на Реал Мадрид ова лето, туку ќе остане на „Олд Трафорд“ и ќе биде клучен играч во новиот проект на „црвените ѓаволи“, кој има амбиции да го освои англискиот шампионат.
Ова тврдење за медиумите од Велика Британија го изјави тренерот на славниот англиски клуб Рубен Аморим, со што стави крај на шпекулациите за заминувањето на Фернандез од Островот.
„Бруно дефинитивно нема да оди во Реал Мадрид. Тоа нема да се случи. Тој е врвен играч кој му треба на Манчестер Јунајтед. Нашите амбиции се што поскоро да бидеме претенденти за титулата во Премиер лигата, сакаме многу брзо да го вратиме трофејот на „Олд Трафорд“, а кога тоа ќе го поставите како своја цел, тогаш не можете лесно да се откажете од најдобрите играчи“, изјави стратегот на Манчестер Јунајтед.