КОШАРКАСПОРТ

Maнчестер Јунајтед тргна по напаѓачот на Евертон

Maнчестер Јунајтед ова лето одлучи значително да работи на засилување на екипата, а следен кој би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ е Доминик Калверт Луин.

Advertisements

Од Јунајтед веќе се засилија со Лени Јоро и Џошуа Зиркзе, а само официјална потврда се чека на договорените трансфери на Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи. Со овие четири трансфери клубот од „Олд Трафорд“ ќе потроши околу 150 милиони евра. Но, раководството нема намера тука да застане. Нов член на Јунајтед би можел да стане Доминик Калверт Луин, 27-годишниот напаѓач кој го носи дресот на Евертон.

Зад себе овој напаѓач има неколку одлични сезони, но во сезоната 2021/2022 започнаа да го мачат повредите поради кои често беше надвор од терените. Поради тоа остана и без место во репрезентацијата на Англија, па и заинтересираните клубови за неговиот потпис се „оладија“. Сепак, сега се појави Манчестер Јунајтед.

„Челниците на Манчестер Јунајтед ја разгледувале можноста за доведување на напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт Луин, но тој трансфер би се завршил само ако клубот продаде некој од сегашните фудбалери“, објави „Скај Спорт“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button