ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мандатарот очекува контруктивна дебата за избор на новата Влада, коалицијата е обединета околу четири столба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави оти на собраниската седница за избор на новата влада очекува конструктивна дебата и дека треба да заврши за два дена односно до недела на полноќ. Владината коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ, како што кажа, се обединува околу четири столба и тоа борба против корупцијата и криминал, подобрување на стандардот на граѓаните, забрзување на процесот на евроинтеграции и рамномерен развој.

-Постојат четири столба околку кои се обединува владината коалиција. Првиот е најважен – борба против криминалот и корупцијата, вториот подобрување на стандардот на граѓаните односно економската состојба во целина, третиот забрзување на процесот на евроинтеграции на Македонија како држава и четвртиот се разбира дека е рамномерен развој, забрзување на процесот на децентрализација итн, рече Мицкоски.

Мандатарот кажа дека планот е владината коалиција да се држи до тие четири столба. – Планираме за разлика од изминатите четири години да бидеме исклучително успешни. Амбицираме да бидеме најуспешна влада во овие три децении независна македонска држава и треба да видиме како сето тоа ќе функционира од понеделник. Јас сум убеден дека ќе функционира успешно, дека убави денови доаѓаат за македонските граѓани, за Македонците, за Албанците, за Ромите и за Турците, за Власите, за Бошњаците…Нема да ги делиме граѓаните на вакви и такви, на политички определени или неопределни, според верска, според национална припадност, политичка припадност…Како што кажав, граѓанинот е нашиот центар, оска околу која сите ние ќе конвертираме и се што е во интерес на граѓаните, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button